Ова населба е криминален рај: Секс и џоинт комплет за 360 денари

Населбата Коник која се наоѓа на границата меѓу Црна Гора и Албанија е вистински рај за криминалците, пишува српски Блиц. Мештаните за весникот велат дека не е потребна ниту легализација на марихуаната ниту пак на проституцијата бидејќи дилерите воопшто не се кријат, а џоинти се вртат на секој агол. Проститутките пак не мора да стојат по улици. Веќе сите знаат која каде живее, па можат да ги земат и од дома.
За „една партија“ се плаќа само 3 евра, а заедно со еден џоинт, задоволството чини 6 евра (360 денари)
Покрај проституцијата и продавањето дрога, во ова место цути и шверцот со цигари. Близината на албнаската граница овозможува да се прошверцуваат евтини цигари, но и дрога која потоа во Црна Гора се продава за многу повисоки суми. Грам хероин може да се најде за само 10 евра, а оние кои се заинтересирани без проблем можат да си купат оружје по избор.
Станува збор за главно рурална населба во која најголемиот дел од жителите се Роми, но има и Црногорци и Албанци, а оние кои раководат со криминалот живеат во големи куќи и возат скапи автомобили.

 

 

11.09.2014 - 22:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега