Позната банка со грешки во системот: Ваделе 100 евра на банкомат - им наплаќале само 2.000 денари

Загрепската банка си има сериозни проблеми откако во период од 2007 до 2012 година, на 26 свои клиенти за промена на валути им наплаќала по курс кој бил една третина понизок во однос на реалниот и тоа во штета на банката.

Имено, 26 лица „заработиле“ скоро милион евра трансферирајќи ја англоската национална валута Кванза во евра.
Меѓу нив е и Младен Мирковиќ од Сисак кој со години работи на нафтени платформи во Ангола. Имено, тој кога вадел пари преку картичката на Загрепска Банка на банкомат во Ангола, банката во Хрватска износот веднаш му го пресметувала во евра, но реално, сумата која му ја пресметувала била само една третина од реалната. Праксата на банката е кога се повлекуваат девизи од нејзина картичка, без разлика од кој банкомат во светот и во која валута, таа веднаш да ги трансферира во евра и да ги одбие од сметката. Така, Младен усепал да инкасира неверојатни 450.000 евра за неполни 4 години.
Ситуацијата е иста како да извадите 100 евра на банкомат во Грција, а овде некоја од домашните банки да ви наплати само 2.000 денари.
Младен очигледно брзо сватил за што станува збор. Затоа, веднаш побарал полномошно од сметката на сопругата која живеела во Хрватска. Таа нормално му потпишала и тој и нејзината плата ја вадел во Англола, во Кванзи, што значи дека и ја зголемувал за 3 пати.

Проблемот настанал кога службеник на банката,  внел погрешен курс во системот а тоа со години никој не го забележувал.

Сега банката води 26 судски спорови во надеж дека ќе си ги поврати средствата. Адвокатите на Младен велат дека нивниот клиент не може да биде виновен за грешки на банката.

 

 

11.09.2014 - 23:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега