Маседониа ерлајнс со доминантен домашен капитал

 

На компанијата на која ќе биде доделена лиценца да работи како наш национален авиопревозник ќе треба да има најмалку 51% капитал од македонска компанија и да има барем еден авион регистриран во земјава, во сопственост или под закуп, пренесува Вечер.

Плановите за формирање на македонска национална авиокомпанија многу напреднале по неодамнешната средба на воздухопловните власти со претставници на транспортери од автобускиот и товарниот превоз и разговорите околу тоа како новиот авиопревозник ќе влијае на нивното работење. Првиот човек на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дејан Мојсоски нагласил дека придобивките од воспоставување на национален авиопревозник се значајни, не само за македонското воздухопловство, туку и за нашите социо-економски прилики.

-Националната авиокомпанија ќе генерира нови работни места, раст на БДП и отворање на нови авиодестинации со што земјава ќе ги зголеми економските врски, а како резултат на тоа, ќе се подигне имиџот на Македонија во светот - изјавил Мојсоски, пренесува Вечер.

-Македонија ќе има мнозински удел во својот нов авиопревозник. Наша заложба е да донесат повеќе авиокомпании во Македонија, што е главната причината зошто се преземаат мерки за намалување на административните бариери и либерализација на воздушниот сообраќај во земјата. На компанијата на која ќе биде доделена лиценца да работи како наш национален авиопревозник ќе треба да има најмалку 51% капитал од македонска компанија и да има барем еден авион регистриран во Македонија, во сопственост или под закуп, објаснил Мојсоски.

Според него, Македонија има 63 регистрирани комерцијални пилоти, од кои повеќето работат надвор од земјата, но се подготвени да се вратат дома, како и уште 74 технички персонал.

Инаку, на 29 август, македонски и турски воздухопловни власти потпишаа Меморандум за разбирање на Европската конференција за цивилно воздухопловство во Дубровник.Меморандумот за разбирање повикува на зајакнувањето на регионалната соработка.

Вечер.

12.09.2014 - 10:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега