"Отвори ја устата и ќе бидеш мртва" - силуваната малолетничка си ја отвори душата

Два пати ме злоставуваа. Викав и преколнував да престанат, но продолжија да се изживуваат врз мене. Се обидов да се одбранам, но не можев...вака со солзи во очите 16-годишната девојка од Србија која брутално беше силувана ја раскажува својата потресна приказна.

Девојката на обвинителот му раскажала дека Бојан Паунковиќ, Далибор Димитриевиќ и В.М. монструмите кои ја силуваа, и се заканувале по нејзиниот живот па затоа морала да молчи.

- Ми се закануваа и додека ме силуваа и потоа. Велеа дека сум мртва ако ја отворам устата. Се плашев затоа не кажав никому па ни на мајка ми. Ги познавав од порано, секогаш беа пристојни и културни, вакво нешто не очекував, вели малолетничката.

Инаку, монструмите во полиција потврдиле дека ја силувале девојката.

12.09.2014 - 10:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега