Брендан Роџерс разочаран од повредата на Даниел Стариџ

 

По настапите во репрезентациите фудбалерите се враќаат во своите екипи и викендов ги очекуваат нови првенствени натпревари. Менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс реагираше откако двајца негови фудблаери (Даниел Стариџ и Емре Чан) ќе мора да паузираат поради повреди добиени за време на репрезентативните настапи.

-Разочаран сум од повредата на Стариџ бидејќи мислам дека можеше да се спречи и до неа да не дојде. Кај играчи од негов „тип“ потребни се и до три недели пауза, изјави Роџерс.

За разлика од Стариџ, кој се повреди за време на тренинг на англиската репрезентација, Чан се повреди при настапот во дресот на Германија (до 21 година) и ќе паузира шест недели.

Малку добри вест за менаџерот на „црвените“ е тоа што новото засилување од предодниот рок Адам Лалана е комплетно подготвен за настап. Ливерпул во рамките на 4.коло од Премиер лигата на „Енфилд“ ја пречекува Астон Вила. 

12.09.2014 - 11:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега