Ѓорческа загуби од Романката Миту

 

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби мечот од четвртфиналето на фјучрсот во Софија.

Таа денеска е поразена од втората носителка Романката Андреа Миту со 2:0 во сетови (6:0 и 6:2). Миту која се наоѓа на 161.место на ВТА листата беше доминантна и таа оваа година веќе има победено на четири фјучрс турнири од кои три со награден фонд од 25.000 долари исто како во Софија.

Ѓорческа за пласманот во четвртфиналето ќе освои девет поени.

За нашата тенисерка денеска останува и мечот во финалето во двојки каде заедно со Деспина Папамихаил од Грција ќе играат против Ребека Срамкова од Словачка и Јулија Терзиска од Бугарија. 

12.09.2014 - 13:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега