Летен крем- колач

 

Состојки
* за кори:
– 500гр. брашно
– 3 лажици шеќер
-150гр. путер
-1 јајце
– 1 прашок за пециво
– 1.5дл. млеко
– 3 лажици масло
– сол
* за фил:
– 250гр. маргарин
– 270гр. шеќер
– 5дл. млеко
– 3 лажици брашно
– 2 лажици ванилин шеќер
– 2 лажици какао
* за глазура:
– 150гр. чоколадо за готвење
– 3 лажици масло

 

Подготовка:
кори – Во прикладен сад соединете ги брашното, путерот, шеќерот, јајцето, млекото, солта и прашокот за пециво. Измесете мазно тесто. Поделете го на трид дела. Развлечете кори со димензии 30х35цм. Во тава посипана со брашно поставете ги корите и печете ги осум минути на 200 степени.
фил – Во длабок сад изматете ги млекото, брашното, 70 гр. шеќер и ставете го на оган, а за цело тоа време мешајте. Згуснатата смеса оставете ја да се излади. Пенасто изматете го путерот со 200гр. шеќер. Во изладената смеса додајте ја мешавината од путер и шеќер и изматете со миксер уште еднаш. Подготвениот фил поделете го на два дела, во првиот додајте какако, а во другиот – ванилин шеќер. Добро измешајте
глазура – На чинија поставете една кора и премачкајте ја со фил од какао и прекријте ја со друга кора. Нанесете фил со ванилин шеќер па прекријте ја со трета кора. Чоколадото за готвење стопете го на умерена температура и со него прелејте го колачот.

Извор; Попара

12.09.2014 - 16:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа