Јотовски поуспешен од Грабул во македонското четвртфинале на фјучрсот во Суботица
Томислав Јотовски успеа да победи во дуелот на двајцата македонски дејвис куп репрезентативци што се одигра попладнево во рамките на фјучрс турнирот во Суботица. Тој со 2:1 во сетови го победи Димитар Грабул.
Првиот сет му припадна на Јотовски со 6:4, иако Грабул водеше со 4:2. Во вториот сет сите шест гема ги освои Грабул (6:0), а во решавачкиот беше 6:2 за Јотовски.
Во претходното коло Јотовски елиминира уште еден македонски тенисер Шендрит Деари, додека Грабул беше подобар од првиот носител Роман Јебави од Чешка. Јотовски во следното коло (полуфинале) ќе игра против Илија Вујиќ од Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа