Падот на невработеноста - добар сигнал за македонската економија
Како показател дека домашната економија е во добра кондиција и дека зголемените странски вложувања имаат позитивен ефект го коментираат познавачите континуираното намалување на невработеноста во Македонија, пишува еВести.
Државниот завод за статистика вчера објави дека стапката на невработеност се намалила во вториот квартал годинава за 0,8 проценти во однос на крајот на минатата година и за 0,2 отсто споредено со истиот период лани. Во исто време расте бројот на вработени во индустријата и во преработувачката индустрија.
Аналитичарите се согласуваат дека е добро Македонија бележи пад на стапката на невработеност, сега во услови на продолжена економска стагнација во цела Европа. Велат дека е добро и во иднина да се бараат нови странски инвеститори, концепт што се покажа како успешен за стимулирање на вработувањата. Голем дел од нововработените се во погоните на фабриките кои инвестираа во зоните или на други локации во земјата.
Според податоците од Државниот завод за статистикавкупниот број на работоспособно население во Македонија во вториот квартал изнесува 957.790 лица, од кои 270.325 се невработени, додека 687.465 се вработени лица. Повеќе од половина од невработените односно 159.368 или 59 проценти се мажи, додека 110.957 или 41 процент се жени.Според објавените податоците најмногу вработени 130.107 има во преработувачката индустрија, 127.342 во земјоделството, 96.569 се во трговијата и 46.696 се во градежништвото.
Падот на невработеноста во Македонија се случува во време на комплицирање на економската ситуација во Европа, предизвикана пред се поради политичките фактори. Европската статистичка агенција Евростат објави завчера дека вработеноста во Унијата во вториот квартал порасна за 0,3 отсто споредено со првиот и за 0,2 отсто во еврозоната. Од земјите во Унијата најголем раст има во Естониј аод 1,2 отсто, следува Португалија со раст од 0,9 отсто и Шпанија со 0,7 отсто. Најголем пад на вработеноста е регистриран во Литванија и во КИпар од еден процент во вториот квартал. Инаку високата невработеност сеуште важи како проблем број еден во Унијата, а за почетокот на окомври е закажан итен состанок на кој челниците на ЕУ треба да разговараат за можни мерки за стимулирање на поголем раст на вработувањата. Највисоки стапки на невработеност во Унијата имаат Грција со 27,2 отсто и Шпанија со 24,2 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа