ФОТО: Македонците главни во Доха
Втор пат на завршницата на IHF Суперглоуб Македонците беа главни на и околу теренот. МАкедонскиот Ас Кирил Лазаров по трет пат стана светски клупски првак, што од нашата земја претходно не му успеало на ниту еден ракометар.
Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски како круна на нивната одлична интернационална кариера, водеа финале на светско клупско првенство.
Драган Начевски како и на останатите големи турнири, беше делегат на многу натпревари и на овој IHF Суперглоуб, вклучувајќи го и финалето меѓу Барселона и Ал Саад.
Превземено од lazarovkiril7.com
13.09.2014 - 10:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа