Македонската економија зема залет

 

Додека Европа повторно е на прагот на нова криза и рецесија, а во соседните земји се намалуваат платите и пензиите, македонската економија зема залет. Ова го покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика, пишува Лидер.мк.

Во вториот квартал од годинава – во периодот од април, мај и јуни, македонската економија се зголемила за 4.3% во однос на истиот период лани. Бруто домашниот производ главно го билдаат домаќинствата. Личната потрошувачка има најголем раст во вториот квартал од 2 и пол проценти. Инвестициите на домашните и странските компании, како и трошењата на државните институции се зголемувале со послаб интензитет.

-Како што кажав и претходно реални се проекциите за стапките на БДП. Тоа се покажува и со официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Градежништвото е локомотива на развојот , Очекуваме да се засили интензитетит на автопатското градење, железницата кон Бугарија, како и постојните, но и новите инвестиции кои се во најава ќе доведат до зголемување на извозот на стоки и услуги , а сето тоа ќе доведе до реализрање на проектираната стапка на БДП,- изјави Томе Неновски, универзитетски професор.

Кај инвестициите пораст е евидентиран кај основните средства, но и кај залихите во индустријата.

Градежниот сектор ќе биде двигател на македонската економија, а со тоа и на остатантите сектори кои се поврзани со него исто така ќе заживеат,- вели Сеад Кочан, претседател на Комора за градежништво при ССК.

Извор: Лидер.мк

13.09.2014 - 10:36
Фото: 
лидер


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега