Јотовски се пласираше во финалето на фјучрсот во Суботица

 

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во финалето на фјучрс турнирот во Суботица (награден фонд 10.000 долари) откако денеска во полуфиналето го победи Илија Вучиќ од Србија со 2:0 во сетови.

Нашиот тенисер ги доби двата сета со 7:5 и 6:4 во гемови. Притоа искористи 6 од можните 12 брејк шанси, додека ривалот имаше скор 4 од 10 во брејкови.

Ова за Јотовски беше прва победа во седмиот меѓусебен дуел со Вучиќ, откако претходно српскиот тенисер победи во сите мечеви.

Во финалето ривал ќе му биде Дејан Катиќ од Србија, кој со 2:0 во сетови (6:0 и 6:4 во гемови) го победи Јурај Масар од Словачка. За Јотовски ова е второ финале во 2014 година откако преходно на фјучрсот во Ваљево загуби од Французинот Максим Жанвие.

13.09.2014 - 13:28


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега