Трифун Костовски: Купив јахта за Претседателот Иванов на неа да ги поминува годишните одмори
Екс-градоначлникот на Скопје, Трифун Костовски во интервју за хрватски Пословни Дневник вели дека јахтата која полицијата му ја заплени пред неколку години, во моментов ја користи претседателот Иванов за да „се вози по езерото“
„Имав јахта која во Охридско Езеро пловеше под италијанско знаме, па морав на секои 6 месеци со дигалка да ја вадам од езерото, да ја носам до Албанија и пак потоа да влезам во земјава. Еднаш задоцнив и полицијата по итна постапка ми ја зема јахтата, без право на жалба. Им реков: Што не ми рековте дека ви треба, па јас ќе ви ја подарев. Како па да не, стана јахта на претседателот на државата. Јас ја купив јахтата, а сега тој на неа ги поминува своите годишни одмори - изјавил Костовски за Пословни, пренесе Плусинфо