ВИДЕО: Слушнав скокаат на финта - Радулица за слабата алка на САД
Центарот на кошаркарската репрезентација на Србија Мирослав Радуљиќ е целосно смирен пред големото финале на Мундобаскетот со селекцијата на САД.
Тој истакна дека „Орлите“ нема да го предадат однапред мечот туку ќе покажат зошто дошле до големото финале.
Во опуштен разговор со кафе во хотелот Мелиа Кастиља, Радуљиќ се потсети на 2007 година, кога со Стефан Марковиќ во тимот ја освои титулата јуниорски шампион на светот токму против екипата на САД.
Токму во тој тим беше Стефон Кари, кои и сега игра за САД, а освен него беа и доста од сегашните НБА ѕвезди.
„Можеби уште не сме свесни кој успех го направивме, веројатно ќе сватиме кога ќе дојдеме во Белград, но сеуште го немаме кажано последниот збор.
Градевме атмосфера и игра, ја подигнавме формата и постои нешто меѓу нас што е неибјасниво. Имаме доверба еден во друг и тоа не доведе до тука“, изјави Радуљиќ.
Тој истакна дека ја познава екипата на САД затоа што играл со сите во НБА.
„Извонредни играчи. Ги гледав сите а против некои од нив и имам играно. Сите знаеме кои се нема потреба да се зборува за нив. Нема да се предадеме однапред. Ќе играме како и до сега изјави центарот на Србија.
На прашањето која им е слабата точка тој одговори:
„Немам поим, слушнав дека скокаат на финта“, изјави Радуљиќ и се насмеа на присутните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа