Втора победа на Металург во СЕХА лигата
Македонскиот шампион „Металург“ ја оствари и втората победа во новиот шампионат од СЕХА лигата.
Синоќа во Скопје беше совладана екипата на „Раднички“ од Крагуевац со 35:22. Разликата во квалитет беше очигледна во корист на македонскиот првак, па така тренерот Лино Червар им даде шанса и на помладите во составот. Марко Неловски, Филип Талевски постигнаа по еден гол, а Жарко Пешевски 2.
Инаку, најефикасен беше Дејан Манасков со 9 голови. Вториот наш претставник Вардар (шампион на СЕХА) вчера загуби на гостувањето кај унгарскиот првак Веспрем со 31:22. Веспрем со максимални 12 бода е прв, пред Вардар со 9, додека Металург и Мешков Брест имаат по 6. Ракометарите на Металург следниот натпревар (20.септември) го играат на гости во Унгарија кај Веспрем.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа