Македонските јунири освоија две бронзени медали на СП во кик бокс во Римини
Македонските кик бoксери освоија две бронзени медали во „лоу кик“ и едно петто место во „кик лајт“ дисциплината на Светското јуниорско првенство во Римини, Италија.
Како што соопшти Кик бокс Федерацијата на Македонија, Бобан Илиоски во категоријата до 71 килограм се закити со бронза откако во полуфиналната борба се сретна со Грегори Садрик Ганс од Јужна Африка и загуби на поени.
Нашиот втор кик боксер во „лоу кик“ дисциплината Хадис Рамадани во конкуренација до 67 килограми мораше да се задоволи со бронзената медалја по поразот од српскиот кик боксер Данило Раткиц. Марија Божиноска, пак, која настапи во „кик лајт“ во категорија над 70 килограми го освои петтото место.
Бонито Вито Лоренцо од Франција стана светски шамион со кого Марио Додевски се сретна на самиот старт на ова светско првенство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа