Водостојот на реките во Хрватска на рекордно ниво

Водостојот на реките во северозападниот дел на Хрватска и понатаму е на рекордно ниво, а водостојот на реката Мура достигна ниво до 533 сантиметри.

Хрватските медиуми велат дека и во останатите делови од Меѓумурје, а на удар на Купа е градот Сисак, додека за утре се очекува воден бран на реката Сава да погоди делови од Хрватска.

Во Карловац се уште во сила е состојбата на општа опасност, иако водостојот на реката Коране се намалува. Жителите градеа брани, а околу 50-на се евакуирани.

Во пораст е и водостојот на Уна и поради тоа во Хрватска Костајница прогласена е вонредна состојба. Жителите стравуваат дека Сава нема да ја прими Уна поради што водостојот енормно би пораснал, се додава во извештаите на хрватските медиуми.

15.09.2014 - 09:52


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега