Го убил пријателот па се самоубил - нова трагедија ја потресе Србија

59 - годишниот Војин Миленковиќ утрово околу 4 часот во парачинската населба Јагодњак со три куршуми од "магнум 357" го уби 56 - годишниот Миленко Николиќ, по што се обидел да го убие и неговиот син Зоран Николиќ (34), кого за среќа го промашил. Миленковиќ потоа извршил самоубиство, а мотив за крвавата трагедија бил неговиот сомнеж дека Николиќ го кодошел во полиција.

Пукањето се случило на улица Царица Милица, а како што раскажа за Ало најдобриот пријател на преживеаниот Зоран, Миленковиќ вчера утрото телефонски го побарал Миленко, кој е возач на автобус на меѓународни линии, да му даде еден пакет да го пренесе во Австрија.

- Средбата беше закажана на раскрсницата со семафори во населбата Јагодњак. Миленко излегол од автомобилот и тргнал кон автомобилот на Војин, меѓутоа тој седејќи во своето возило го спуштил прозорецот и со три куршуми го усмртил Миленко. Кога го видел тоа, Зоран излетал од автомобилот и притрчал накај својот татко, но Војин повторно почнал да пука и почнал да го брка со кола по околните улици. Во таа бркотница испукал три куршуми, но за среќа ниеден не го погодил Зоран, раскажува другарот на Зоран.

По инцидентот Миленковиќ возел до општата болница каде си го одземал животот, а неговото безживотно тело било пронајдено околу 7 часот изутрина. 

Нетрпеливоста помеѓу Миленковиќ и Николиќ започнала уште пред неколку години. 

15.09.2014 - 12:03


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега