Следната година 340 милиони евра за капитални инвестиции

 

 

Следната година од буџетот ќе се одвојат околу 340 милиони евра за капитални инвестиции насочени во патната, железничката, комуналната инфраструктура, образованието...

Со предложениот Буџет за 2015 година, кој Владата го усвои завчера, а денеска е доставен до Собранието на Република Македонија, за капитални инвестиции предвидени се 21,209 милијарда денари.

Според предлогот, за Коридорот 10 ќе се вложат 3,4 милијарди денари во патната инфраструктура, а во железничката 1,311 милијарди денари.  За водоводната мрежа и пречистителни станици се предвидени една милијарда и 765 милиони денари. Вкупно 600 милиони денари се предвидени за општините. За гасификацијата ќе се вложат 258 милиони и 817 илјади денари.

За изградба на јавни здравствени установи се предвидени 529 милиони 716 илјади денари, за ПЕТ центарот се 350 милиони денари, за изградба и реконструкција на средни и основни училишта 600 милиони денари.

За капитални инвестиции во високо-образовните центри во Македонија се предвидени 737 милиони денари. Во спортски проекти ќе бидат инвестирани 295 милиони денари, во изградба на детски градинки 138 милиони денари. За лабораториите предвидени се 360 милиони денари. Во програмата за рурален развој планирани се една милијарда 696 милиони денари со кои се опфатени повеќе проекти во општините на РМ, како и средства за изградба на хидросистемите во земјава. За доизградба на технолошко-индустриски развојни зони предвидени се 535 милиони денари.

Предвидени се и средства за бројни проекти во културата, како изградба на Филхармонијата - 185 милиони денари, за изградба на библиотеката и театарот во Тетово и Албанскиот театар во Скопје  - вкупно 180 милиони денари. 

15.09.2014 - 12:33


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега