Невремето во Грција однесе една жртва

Едно лице загина во вчерашното невреме во Солун откако неговото возило било однесено од поплава за време на обилните врнежи што вчера го зафатија градот, објави МИА.

49- годишното лице  возело теренско возило во солунското предградие Ориокастро кога возилото било однесено од налет на дождовна вода.

Неговиот 19 годишен син кој бил со него во возилото бил спасен од противпожарна екипа која била повикана на местото на инцидентот. 

15.09.2014 - 14:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега