Јуксел Ишбилир: Во Македонија има најдобри услови за започнување бизнис
Извршниот директор на Турската компанија ОХИ Груп, Јуксел Ишбилир присуствуваше на бизнис форум во Коџаели, Република Турција, каде македонска делегација предводена од премиерот Никола Груевски ги презентираа поволностите кои нашата земја ги нуди на странските инвеститори за отворање бизнис и нови работни места во Македонија.
ОХИ Груп минатата недела потврди дека ќе отвори фабрика за гуми во Битола која ќе вработи 400 работници. Ишбилир истакна дека во Република Македонија постојат најдобри услови и околности да се започне со инвестиција.
-Затоа ние одлучивме да инвестираме и основавме компанија во Битола и планираме да започнеме со производство на лепенки за гума и други производи од гума најкасно во октомври, изјави Ишбилир.
Неговата порака до останатите странски инвеститори е многу едноставна и јасна, најпрво треба веднаш да ја посетат Македонија и да го стекнат првиот впечаток и ако тие веруваат дека има можности за бизнис и поволни услови за извоз треба да дејствуваат многу брзо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа