Сите натпревари на МЗТ Скопје на домашен терен за само 2.200 денари
За сума од само 2.200 денари љубителите на кошарката ќе можат да ги следат сите натпревари кои актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе ги игра на домашен терен.
Од среда (17 септември) МЗТ Скопје ќе ги пушти во продажба влезниците за новата сезона.
Аеродромци кои сезонава покрај настапот во АБА лигата, уште од самиот почеток ќе играат и во Првата македонска лига, се решија по симболична цена на своите симпатизери и поддржувачи да им овозможат да ги следат сите натпревари на сино-белите.
Така за натпреварите во АБА лигата и домашниот шампионат (Прва лига, Супер лига и плеј-оф), односно за над триесетина натпревари кои МЗТ Скопје Аеродром ќе ги игра во нова сала на СЦ „Јане Сандански“ љубителите на кошарката за блок влезниците ќе треба да одвојат само 2.200 денари или како што потенцираат од таборот на МЗТ помалку од 70 денари за еден натпревар.
Влезниците ќе може да се набават на билетарата во СЦ „Јане Сандански“ почнувајќи од среда од среда (17 септември) па се до 28 септември 2014 година.
ФОТО: Спортмедиа.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа