Нови поплави во источниот дел на Србија

Надојдените води во реките по поројните дождови во источниот дел на Србија ги поплавија патиштата и мостовите и предизвика прекин на електричната енергија и телекомуникациската мрежа, при што неколку населени места останаа целосно изолирани. 

Петнаесет села во околината на градот Кладово, во близина на романската граница, се отсечени од светот, а околу 20 жители на едно село се блокирани и е невозможен пристапот до нив.

Две лица загинаа во поплавите во Словенија за време на викендот, а стотици луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во Хрватска.

Во големите поплави кои во мај го зафатија Балканот животот го загубија над 50 лица.

15.09.2014 - 20:19


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега