Џафери ќе се обрати пред Северноатланскиот совет на НАТО

 

Министерот за одбрана Талат Џафери денеска во Брисел ќе се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во ИСАФ формат.

Министрите за одбрана на НАТО и министрите за одбрана на земјите кои не се членки на НАТО, а придонесуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан, на состанокот ќе го разгледаат прогресот во однос на транзицијата на одговорностите од НАТО на Авганистанските национални безбедносни сили.

Од Министерството за одбрана информираат дека предмет на разговор ќе биде и ангажманот на НАТО по 2014 година, кога се предвидува целосно да заврши процесот на транзицијата на одговорностите.

Во рамки на состанокот министерот Џафери ќе ја поздрави одлучноста и посветеноста на НАТО и авганистанскиот државен врв во изградбата на националните одбранбени капацитети, и воедно ќе истакне дека Република Македонија го продолжува својот придонес во рамки на силите ИСАФ, и оти постои подготвеност за понатамошен придонес во новата мисија во Авганистан по 2014 година. 

најчитано сега