Вечерва се играат преостанатите 8 натпревари од 1. коло од Лигата на шампиони

 

Во фудбалската Лига на шампиони вечерва на програмата се уште осум натпревари од 1.коло.

Се очекува деби настап во групната фаза од елитното натпреварување да има македонскиот репрезентативец во дресот на Марибор Агим Ибраими. Во Словенија ќе гостува португалскиот тим Спортинг.

Двојки за дуелите закажани за вечерва од 20 часот и 45 минути:

Е група: Баерн - Манчестер Сити и Рома - ЦСКА Москва.

Ф група: Ајакс - ПСЖ и Барселона - АПОЕЛ.

Г група: Челзи - Шалке и Марибор - Спортинг.

Х група: Атлетик Билбао - Шахтјор и Порто - Бате Борисов. 

17.09.2014 - 11:44


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега