Цел Балкан намалува плати и пензии - во Македонија растат
Собранието на Република Македонија ги донесе законските измени кои предвидуваат зголемување на платите на јавната администрација за четири отсто.
Поради светската економска и европската должничка криза зголемувањето на платите одреден период беше одложено, но Владата изнајде доволно средства за да ја продолжи ваквата тенденција со цел подобар животен стандард на вработените во јавната администрација и нивно мотивирање за попрофесионално извршување на обврските, истакна во Собранието министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Како што потсети Спасов, досега, пред економската криза, платите во јавната администрација беа зголемени за 25 проценти.
ССМ: ПОРАСТОТ НА ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ ЗА ПОДОБАР СТАНДАРД
Очекувано, порастот на платите беше примен како добра вест во македонските синдикати. Првиот човек на ССМ истакна дека повисоките плати ќе донесат подобар стандард, што ќе ја зголеми потрошувачката која пак ќе има позитивен ефект врз целата економија.
„Развојната компонента ја гледаме од повеќе аспекти. Пред се со самото зголемување на платите ќе се обезбеди и зголемување на општата потрошувачка, а со тоа и развој на целата држава. Ваквата стратегија овозможува следење на потребите на вработените за да ја надминат кризата, односно со зголемувањето на платите се обезбедува позитивно соочување со кризата која беше присутна и се уште трае“ оцени претседателот на ССМ, Живко Митревски.
Со новото покачување платите во секторот образование, само за неколку годнии речи си двојно се зголемија
Константно растат и платите во јавниот сектор
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР
Дел од новите мерки кои ги презентираше премиерот Никола Груевски пред претставниците на синдикатите беше и етапното усогласување на платите на вработените во Министерството за внатрешни работи со оние од државната администрација.
„Владата во соработка со Синдикатот за надминување на овој предизвик ќе изработи повеќегодишна стратегија за усогласување на основната плата во МВР со основната плата во јавната администрација“, рече Груевски.
РАСТАТ ПЛАТИТЕ ВО КУЛТУРАТА
Подобар стандард добија и македонските уметници. Над 630 уметници добија трајно вработување, а во насока на вреднување на уметничкиот труд, платите на уметничкиоткадар се зголемени за над 60%.
НАМАЛЕНИ ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО
И додека македонската влада ги зголемува примањата во јавниот сектор среде економска криза, земјите од регионот не можат да го одржат темпото и на своите граѓани да им обезбедат повисок стандард. Во Србија за да се избегне економски колапс, државата е принудена да се намалат платите и пензиите за 8%. Платите и пензиите се намалуваат и во Грција. Државата е свесна дека намалувањето на примањата во јавниот сектор ќе значи и удар по приходната страна на буџетот. Министерството за финансии во Атина ги потврди информациите дека сега веќе се работи за намалување од 13,5 милијарди евра затоа што според најновите пресметки, откако ќе се намалат платите и пензиите, ќе се намалат и приходите од даноците и социјално осигурување со што ќе се појави нов недостиг во буџетот од околу две милијарди евра.
Ништо подобро не поминаа ниту пензионерите и вработените во јавниот сектор во Словенија. Истовремено, во оваа земја се зголеми и данокот на додадена вредност со што Владата во Љубљана планира да заштеди 208 милиони евра
Во февруари се намалија и платите на 240.000 вработени во јавниот сектор во Хрватска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа