Вујичиќ: Апелирам Сашко Богески да биде пуштен на слобода!
Еден од најпознатите светски говорници Ник Вујичиќ побара Сашко Богески да излезе од притвор.
Вујичиќ упати апел Богески кој зад решетки заврши поради сомнение дека во својот стан во Белград го убил провалникот Владимир Маниќ, да биде пуштен на слобода.
- „Сашко е голем човек со добро срце. Секојдневно духовно се молам за него и неговото семејство. Се молам и за човекот кој се обидел да го ограби, па настрада. Барам да го пуштите Сашко од притвор“, изјавува Вујичиќ.
Инаку, потписниците на он лајн петиција на сајтот peticija24.com го собориле светскиот рекорд во собирање на потписи за ослободувањето на Богески.
Богески со нож го усмрти провалникот Владимир Маниќ кој влегол во неговиот стан во Белград, а против кого полицијата претходно имала покренато повеќе од 50 обвиненија за разни кривични дела.
ФОТО: Сител