Американецот Џенингс со глава сакал да го удри тренерот на МЗТ Скопје

 

Американецот кој дојде на почетокот на подготовките во МЗТ Скопје, не е повеќе член на тимот од Аеродром.

Оваа информација е потврдена и на Фејсбук страницата на МЗТ Скопје, а како причина е наведена недисциплината на Американецот.

Повеќе детали не се објавени од страна на македонскиот шампион, но како што објавува порталот „Спортмедиа“ причина за раскинот на соработката е обидот на Милтон Џенингс со глава да го удри тренерот Змаго Сагадин.

17.09.2014 - 15:47


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега