Свинско филе во сланина и сенф

 
  • 700гр. свинско филе
  • 50 гр. сенф
  • 200гр. ленти чадена сланина
  • 1 лаж. мед
  • по потреба сушен зачин
  • по потреба зејтин
  • по потреба мешан зеленчук и коцки компир
  • Филето се премачкува со мешавината од сенф, мед и зачини, се остава да стои два саати пред да се пече.

Пред печење целото парче месо се обвиткува во ленти чадена сланина.
Одозгора се посипува со масло за јадење.
Се става во тава со малку вода и масло за да се динста на тивко.
Се пече најмалку 2 саати на 180-200 степени
Како прилог може да се стави компир и мешан зеленчук.

Извор: Мои рецепти

17.09.2014 - 17:51


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега