ЕУФОР повторно ќе ја води Австриец

Воената мисија на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР/АЛТЕА повторно ќе ја предводи Австриец, тврди виенскиот неделник БВЗ.

Според весникот, желбата на ГШ на австриската армија е бригадирниот генерал Јохан Луиф кој бил заменик командант на КФОР да ја преземе од декември функцијата командант на ЕУФОР.

ГШ одлучил Луиф да го предложи за таа функција поради својата експертиза и пред се националното и меѓународно искуство во мисии.

Од септември 2011 година, една година Луиф бил заменик командант на КФОР на Косово. Мисијата на ЕУ во БиХ која има околу 600 војници, моментно е под команда на генерал-мајор Дитер Хајдекер, исто така од Австрија. Австрија претходно веќе во два наврата ја водеше таа мисија со генерал-мајор Роберт Бригер и генерал-мајор Бернхард Баер. 

18.09.2014 - 09:47


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега