Горан Попов го облече дресот на Вардар - дебито ќе го има на 1 јануари 2015
Екипата на Вардар се засили со македонскиот репрезентативец Горан Попов. Договорот беше официјализиран попладнево, а како што обелоденија од тимот на официјалната интернет страна, Попов дресот на црвено-црните ќе го носи наредните три години.
Попов претходно го прекина договорот со Динамо Киев, кој имаша важност до 2016 година. Тој со Вардар првиот меч ќе го има на 1 јануари 2015 година.
До тогаш бекот ќе настапува во лигата за „Б“ екипи, и преку тоа натпреварување ќе има можност да влезе во натпреварувачки ритам.
Попов потекнува од фудбалската школа на струмичкиот тим Беласица, а во својата кариера ги носеше дресовите на АЕК, Црвена Звезда, Одра, Егалео, Левадијакос Херенвен, Динамо Киев и Вест Бромвич Албион.
Превземено од rkvardar.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа