Неделата ја стартуваме со нови цени на горивата во Македонија
Во понеделник не очкуваат нови цени на бензините и идизел горивата. Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти цените по кои од вторник на полноќ ќе ги полниме резервоарите на нашите возила.
На лондонската берза цената на барелот падна за 21 цент во однос на затворањето на берзата во петокот, од 96,90 долари, а накратко падна и на најниско ниво од 2 јули 2012 година, од 96.21 долар. На американската берза со барелот се тргуваше по 60 центи пониска цена од 91,67 долари, а накратко падна и на само 90,63 долари.
Последната одлука за цените на нафтените деривати Регулаторна ја донесе пред две недели.
Тогаш малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за половина денар денар по литар во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 25 август. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 во моментов се точи за 78,00 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 79,50 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се промени па на бензинските пумпи се точи за 66,5 денари за литар
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа