РК Вардар против Нексе во СЕХА лигата
Ракометарите на Вардар во недела вечер играат натпревар од СЕХА лигата последен пред настапот годинава во Лигата на шампионите. Ривал на „црвно-црните“ ќе им биде хрватската екипа Нексе, која изминативе сезони постојано е на чекор до влез на „Ф4“ турнирот во ова натпреварување.
- Желба ни е да одиграме добар натпревар. Добро и квалитетно работевме деновиве во пресрет на стартот од Лигата на шампионите. Нексе е добар тим, со квалитетни играчи на бековските позиции, како и добри пикери. Воглавно играа добро во првите 15-20 минути – истакна на денешената прес конференција тренерот на Вардар Раул Гонзалез.
Капитенот Филип Лазаров очекува уште еден натпревар во кој, тој и соиграчите на крајот ќе запишат нови бодови.
- Нексе е редовен учесник во СЕХА лигата и знаат да одиграат добри натпревари. Но, со сериозен пристап на домашен терен во недела треба да постигнеме победа, изјави Лазаров.
Во редовите на Вардар, неизвесен е настапот на засилувањето Блаженко Лацковиќ, кој има повреда и утрешниот тренинг ќе биде за него тест дали ќе игра во недела, но тренерот Гонзалез напомена дека овој натпревар е можеби рано за негов настап, а очекува да игра против Цеље во Лигата на шампионите следниот викенд.
Натпреварот Вардар – Нексе се игра во недела со почеток во 20:15 часот во салата во СРЦ „Кале“.
Вториот наш претставник во ова натпреварување шампионот Металург утре (почеток 16 часот) ќе гостува кај лидерот на табелата унгарски Веспрем.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа