Сончево време - попладне дожд

Сончево и топло време со можност за краткотраен локален дожд ја очекува денеска Македонија.

Попладне ќе има делумно зголемување на облачноста и слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 24 до 29 степени.

Сончево време не очекува во Скопје, а попладне умерено облачно, а ќе има и услови за локален краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во недела и во понеделник и натаму во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретка појава на грмежи.

Во вторник ќе настапи значително заладување со засилен северен ветер, а во претпладневните часови ќе има и врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.

Максималната температура во вторник на повеќето места ќе биде за околу 10 степени пониска во однос на претходните денови.

20.09.2014 - 10:10


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега