Груевски: Валкани пари во меѓународната финансиската зона нема да има

 

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, во вестите на Канал 5 зборуваше за обвинувањата од страна на опозицијата и одредени аналитичари дека меѓународната финансиска зона ќе биде место за перење нечист капитал.

Како што истакна премиерот, меѓународната финансиска зона ќе биде место во кое во никој случај нема да постојат какви било малверзации и валкани пари.

-Не ни паѓа на памет да ја направиме државата место каде што ќе има валкани пари. Тоа ни во сон не би го направиле. Ако ни беше таква тенденцијата, во овие 8 години ќе направевме некоја таква глупост. Сакам да појаснам дека станува збор за доста добра идеја која беше дел од нашата изборна програма со која сакаме да формираме меѓународна финансиска зона и сакаме да привлечеме крупни финансиски компании кои ќе ги преселат своите главни центри и ќе бидат привлечени од добро проверено законодавство, а од друга страна многу низок данок или нулта данок, истакна Груевски.

Тој додаде дека со овој проект, меѓудругото, целта е да се привлечат богати луѓе со огромен капитал кои ќе ги преселат тука своите компании, ќе купуваат недвижнина, ќе изнајмуваат адвокати и сметководители, кои ќе добијат дополнителен тренинг за меѓународни финансии, ќе вработат луѓе во објектите во финансиската зона и во Македонија ќе пренесуваат искуства и знаења.

Целосното гостување на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, можете да го погледнете на следното видео.

20.09.2014 - 21:10


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега