Бонучи: Бевме скоро совршени
Леонардо Бонучи oдбранбениот фудбалер на Јувентус задоволен од победата на дербито со Милан рече дека неговиот тим се прикажал во совршено светло на овој дуел.
Често сме сведоци на ситуации кога екипите кои играат против Јувентус се бранат.
Така беше и на „Сан Сиро“.
Милан по една лоша сезона годинава добро почна и имаше желба да ја продолжи успешната серија.
Ама против Јувентус беа принудени да се бранат. Ние бевме речиси совршени, истакна Бонучи.
Јувентус по три одиграни натпревари е на врвот на табелата во Серија А со максимални 9 бодови.
21.09.2014 - 15:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа