Кандидатите за полицајци ќе се обучуваат на скопските крстосници

Кандидатите за полицајци кои на почетокот на годнава ја започнаа едногодишната обука, во рамки на вториот образовен модул посветен на сообраќајот, од денеска па во  во наредните неколку дена ќе имаат практична обука на неколку скопски сообраќајници.

Предвидено е идните полицајци во периодот од 9 до 13 часот да се обучуваат за регулација на сообраќајот на крстосниците кај Скопски саем, кај Стара рампа (Кисела Вода), кај Црвен крст, како и на крстосницата кај Народна банка на РМ. Кандидатите ќе бидат распределени во седум тимови од по десет полицајци, а покрај физичката регулација во текот на оваа недела ќе се обучуваат и на регионалниот пат Скопје – Катланово за контролата на брзината на движење на возилата и мерење со полициски радар.

Во претходниот период кандидатите го завршија делот од обуката посветен на јавниот ред и мир, а по завршувањето на овој втор образовен модул, кој исто така трае четири месеци, ќе следи последниот посветен на граничните работи. По него ќе биде направена конечната селекција, односно ќе бидат склучени договори за работа со 400 идни припадници на МВР. 

22.09.2014 - 09:25


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега