Стар Дојран без вода за пиење

Стар Дојран и околината од утрово останаa без вода за пиење поради монтирање на новиот систем за водоснабдување.

Од Јавното комунално претпријатие „Комуналец-Полин“ информираат дека граѓаните ќе немаат вода најдоцна до 17 часот до кога се очекува да заврши  монтирањето на елементите на мерно регулационата опрема со што ќе се подобри квалитетот на испорака.

Со новата опрема се очекува да се елиминираат честите дефекти што се јавуваа во изминатиот период поради немање доволно вода на територијата на општината.

Целата реализација чини 220 илјади евра кои се обезбедени од Министерството за транспорт и врски преку Светската банка. 

22.09.2014 - 14:02


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега