Почина 6 годишно детенце од вирусот Западен Нил

Шестгодшно дете од Бања Лука почина ноќеска од последици од вирусот Западен Нил, потврдија денеска од Универзитетската болница во тој град.

Детето претходно престојувало на море каде најверојатно е заразено, јавија локални медиуми.

Станува збор за изолиран случај и не постои опасност од епидемија бидејќи болеста не е специфична за тој реон, наведуваат од Клиничкиот центар. Детето било примено на 7 август во Одделението за интензивна нега на Клиниката за детски болести.

22.09.2014 - 18:45


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега