Печени мини капрезе пици
Направете вкусни мини капрезе пици.
Состојки:
- 2 готови теста за пица
- 2 домати
- моцарела сирење
- марула
- босилек
- сол и бибер
- маслиново масло
Подготовка:
Загрејте ја плотната на скарата, премачкана со малку маслиново масло.
Исечете ги доматите на кругови и зачинете ги со маслиново масло, сол и бибер.
Оставете го тестото за пица малку да се одмрзне и исечете го на помали парчиња.
Намачкајте го тестото со маслиново масло и ставете го на скарата. Печете го околу 5 минути од една страна, додека да добие златно жолта боја. Потоа превртете го од другата страна и наредете врз секое парче тесто по едно парче домат, сецкана марула, зачинете со босилек, па најгоре стевете парче Моцарела сирење.
Печете ги пиците уште 5 минути, додека да се растопи сирењето.
Послужете ги топли.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа