Од денеска уживаме во боите на есента

 

Есента во Македонија и на целата северна хемисфера календарски почна денеска во 4 часот и 29 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.

На првиот есенски ден според синоптичарите ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со локален дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде осум, а максималната ќе достигне до 21 степен. 

Есента ќе трае до 22 декември во 00 часот и три минути кога календарски ќе почне зимата.

23.09.2014 - 09:09


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа