Пратениците со полни раце работа

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за локална самоуправа, за здравство и Законодавно-правната комисија.

На дневниот ред на седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија се Статутот на Агенцијата за електронски комунинкации, во прва фаза и Предлог-зкаонот за изменување и дополнување на Законот за градење, во прво читање.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија, во второ читање, е единствената точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за локална самоуправа.

Законодавно-правната комисија ќе расправа по предлог-законите за изменување на Законот за образование на возрасните, за задолжителни нафтени резерви, на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, на Законот за продажба на становите во општествена сопственост, сите во второ читање, како барања за давање автентично толкување.

Членовите на Комисијата за здравство ќе дискутираат по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, на Законот за јавно здравје, како и на Законите за прекинување на бременоста, за земање и пресадување делови од човечкото тело и за медицинските студии и континнуираното стручно усовршување, сите во второ читање.

23.09.2014 - 09:24


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа