Затрупан рудар во рудник во Србија

Спасувачката екипа пристигна во рудникот Рембас во Ресавица, каде утрово околу 9 часот е затрупан еден рудар, истакна директорот на рудникот Владан Милошевиќ.

 

Тој за српските медиуми изјавил дека до несреќата дошло откако врз него се срушила голема количина на материјал додека бушел во рудникот и дека спасувачката екипа се обидува да дојде до него.

 

 

Станува збор за 40-годишниот рудар Жељко Милетиќ.

23.09.2014 - 15:11


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега