Перез: Лажат за долгот на Реал
Флорентино Перез претседателот на Реал Мадрид, ги демантира наводите објавени во шпанските медиуми според кои „кралскиот клуб“ има долгови во висина од 602 милиони евра.
Нашиот долг е 72 милиони евра и работиме на тоа да го намалиме. Некои луѓе сакаат да ни наштетат и поради тоа пласираа такви невистини, изјави Перез.
Првиот човек на актуелниот европски првак додаде дека тој и сите негови соработници биле зачудени кога ја прочитале веста за наводниот долг од преку 600 милиони евра.
Иминативе две години клубот Реал Мадрид потроши стотици милиони евра на нови играчи ангажирајќи ги Герет Бејл, Хамес Родригез, Тони Крос, Кејлор Навас, а во своите редови го има и најскапиот светски фудбалер Кристијано Роналдо.
Сепак шпанскиот фудбалски гигант оствари и заработка на трансфер пазарот продавајќи квалитетни играчи какви што се Месут Озил, Анхел Ди Марија, Чаби Алонсо,...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа