Молк во велешкиот затвор за силувањето на 16 годишниот малолетник

Молк во службите на воспитно-поправниот дом тетово по силувањето на малолетникот во велешкиот затвор.

Никој од надлежните не сака да говори за настанот кој се случил во мај годинава кога 16 год момче било силувано од четворица врсници.. Од велешкото јавно обвинителство потврдуваат дека се работи по предметот - сослушана е жртвата, осомничените, чуварските служби.. Социолозите сметаат дека причина за ваквата девијантна појава е отсуството на соодветна педагошко-психолошка служба во поправниот дом.

Додека екипата на сител чекаше одговори од службите во поправниот дом, дел од малолетниците кои издржуваат затворска казна, преку прозорците се распрашуваа за посетата на новинарската екипа. Откако ја дознаа причината, тврдеа дека не знаат оти во поправниот дом бил силуван малолетник..

Инаку освен постапки против малолетниците кои силувале свој врсник, јавното обвинителство отворило случај и против раководните лица на воспитно поправниот дом. 

23.09.2014 - 21:33


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа