Летаат покриви, паѓаат дрва - силно невреме во Гевгелија

Ветер со јачина од 80 километри на час денеска попладне во Гевгелија предизвика уривање на кровови и кршење на дрвја и гранки.   Силните налети на ветрот попладнево предизвикаа сериозни оштетувања на дел од новопоставениот покрив на гевгелиската гимназија, како и на покривите на уште неколку објекти и индивидуални куќи.  На многу места во градот од искршените дрвја и гранки беше попречено и нормалното одвивање на сообраќајот кое полека се нормализира откако комуналните работници почнаа да ги острануваат од коловозите.  Според информацијата од Хидрометеоролошката станица во Гевгелија, ветерот, кој непрекинато дуваше во текот на целиот ден, околу 14 часот ја достигна најголемата брзина од 22 метри во секунда односно 80 километри на час. 

23.09.2014 - 22:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа