Заедно во пијанство и во смрт, двајца другари починаа од лоша ракија

Михаил Кулчар (70) и неговиот помлад, 54-годишен пријател од Суботица, Данило Ромчек кои во неделата околу 10.40 се пронајдени мртви во куќа во Суботица, починале од труење со алкохол, покажа обдукцијата.

-Првин починал Ромчек и неговото тело веќе било во фаза на скапување кога е пронајден. Кај него на црниот дроб откриен е метастазиран тумор, но тоа не било причина за смртта туку алкохолот. Михаил почина 48 часа по Даниел, а се претпоставува дека алкохолот исто така бил причина за смртта. Дополнително ќе се утврди дали пиеле отровна ракија или само внеле поголемо количество алкохол- велат од полициајта.

Постариот цели два дена бил во просторијата во која мртов лежел Данило, без да извести никого.

-Ги видов пред четири дена. Фрлаа во дворот некои пластични шишиња. Нон-стоп биле пијани, ретко кога биле трезни. Кој знае, можеби мислел дека Данило спие, па затоа никому не јавил, велат соседите.

Куќата во која се пронајдени била на Михаил, а Данило од неодамна престојувал кај него, најверојатно зошто немал каде. И двајцата пиеле многу, а Михаил имал пензија, додека Данило не работел ништо.

Михаил своевремено бил оженет, но сопругата заедно со ќерката го напуштила. Потоа довел некоја друга жена да живее со него, но таа починала од шлог.

23.09.2014 - 22:56


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега