Елена Ристеска во реално шоу со Среќко Шоиќ и Тања Савиќ

 

Елена Ристевска, нашата популарна поп пејачка, ќе биде дел од втората сезона на реалното телевизиско шоу на српската телевизија Прва „Твоето лице звучи познато”.

Како што објави Вечер, во тек се пробите каде што дел од учесниците го пробуваат својот дел во шоуто.

Меѓу учесниците се и познатата фолк пејачка надалеку познатата Неда Украден која вели дека со душа чека да започне шоуто, најпознатиот српски актер Милан Гане Гутовиќ кој го паметиме по славната улога на Среќко Шоиќ, српската фолк пејачка Тања Савиќ, српските глумци Јелена Гавриловиќ, Ненад Окановиќ и Катерина Богичевиќ, како и фолк пејачот Драган Којиќ Кеба.

24.09.2014 - 09:32


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега