Милан се спаси од пораз

 

Фудбалерите на Милан се извлекоа од пораз на синоќешното гостување кај Емполи во натпревар со кој беше отворено 4.коло од Серија А.

Домаќините по само 22 минути игра водеа со 2:0 со головите на Лоренцо Тонели и Мануел Пучарели. Милан до крајот на првото полувреме намали на 2:1 преку Фернандо Торес, а Кеисуке Хонда во 58.минута ги постави конечните 2:2.

Осум натпревари од оваа рунда се играат денес. Двојките се: Каљари - Торнио, Фиорентина - Сасуоло, Верона - Џенова, Интер - Аталанта, Јувентус - Чезена, Наполи - Палермо, Парма - Рома и Сампдорија - Киево.

Утре колото ќе го комплетираат Лацио и Удинезе.

Табела: Рома 9 бодови, Јувентус 9, Милан 7 (натпревар помалку), Верона 7, Усинезе 6,... 

 

 

24.09.2014 - 10:36


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега