Србија доби нов херој: Ги спаси децата од водените стихии во поплавено училиште

Србија го доби својот нов херој.  Станува збор за капетанот на војската на Србија, Среќко Виденовиќ, кој учествувал во спасувањето на мештаните од катастрофалните поплави кои ги зафатија Кладово и Текија.

 

Тој во спасувачката акција од водената стихија ги спасил дечињата од ОУ „Вук Караџиќ“ кое целосно вило поплавено.

 

Во училишето надојдените води зарбиле двајца учители и две деца. Нивото на водата било се повисоко кога со својата спасувачка екипа пристигнал капетанот на војската.

 

- Поголемиот број на деца веќе беа извлечени од поплавеното училиште, кога јас со камион, бидејќи не постоеше друг начин, стигнав до поплавеното училиште. Едвај ги извлеков исплашените дечиња и нивните учители. Ниту за миг не се двоумев да влезам во водата, посочил капетанот Виденовиќ за српските медиуми.

24.09.2014 - 11:16


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега